Од полнок молк в недела прв круг на гласање за претседателски избори

Објавено на 11 април, 2014 во 08:09

Кампањата за претседателските избори закажани за недела завршува на полноќ. Утре е изборен молк, а поради изборите, според одлуката на ДИК, дводневен прекин ќе има и кампањата за предвремените парламентарни избори.

Граѓаните својот глас ќе можат да го дадат за четворицата кандидати Ѓорге Иванов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и на коалицијата, Зоран Поповски кандидат на ГРОМ и на коалицијата и Илијаз Халими кандидат на ДПА.

Право на глас, според единствениот Избирачки список, на петите избори за претседател во недела имаат еден милион 779 илјади и 572 избирачи.

Гласањето ќе се спроведува на 3.480 избирачки места во Македонија и 34 во дијаспората.

Претседателските избори ќе ги следат 8325 домашни и 326 странски набљудувачи

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.