Георгиевски: „И кога ќе се смени власта земјоделците ќе земаат субвенции “

Објавено на 11 април, 2014 во 15:03

„Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ  има оригинална програма. И ги повикувам  луѓето  на она што е најосновна  работа,  тоа е враќање  на комплетна  демократија  на Македонија  и сметам  дека е многу важно во прв круг Стево Пендаровски  да има што повеќе гласови,  да води,  за да луѓето  сват дека оваа власт не е неменлива“ рече лидерот на ВМРО-НП, Љубчо георгиевки во изјава за медиумите при посетата на Кавадарци.

Тој нагласи дека земјоделците не треба да стравуваат доколку дојде до промена на власта дека нема да им се исплаќаат субвенции. Напротив, кој и да дошол на власт земјоделците редовно ќе земале субвенции.

„Договорот со Светската трговска организација  за земање на субвенции  го потпиша мојата влада во време од 1998 – 2002 год и тој договор  и тој закон никој не може го симне значи,и да се промени власта субвенциите  ќе продолжат да си одат. “рече Георгиевски и нагласи дека со влезот на Македонија во ЕУ земјоделците ќе земале многу поголеми субвенции и го посочи примерот со земјоделците од Бугарија каде се исплаќале 850 милиони евра подршка за земјоделците и тоа директно од ЕУ./ А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.