Приведен кандидат за пратеник на опозициска партија во Свети Николе
Објавено на 13 април, 2014 во 10:42
Кандидат за пратеник од една опозициска партија синоќа е приведен поради нарушување на изборниот молк, објави Press24 повикувајќи се на полициски извори.
– Поминував низ Свети Николе и поделив неколку флаери. Полицијата ме забележа, ми ги зема флаерите ме приведоа, ги изброаја и ме пуштија за 1 саат – изјави приведениот кандидат за „Плусинфо“.
Портпаролот на МВР Иво Котевски го потврди настанот, но повеќе детали најавува за подоцна.
