Тиквешијата гласа и го избира петтиот Претседател на Македонија
Објавено на 13 април, 2014 во 10:54
Навреме и без проблеми започна гласањето за избор на Претседател на Македонија во Тиквешкиот регион, соопштија претседателите на Општинските изборни комисии во Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија.
Според податоците кои ги добивме до 10 часот во Кавадарци каде во Единствениот Избирачки список се евидентирани 32 381 граѓанин со право на глас излезноста на граѓаните изнесува 10, 5%.
Во Росоман излезноста изнесува 10,7 отсто од вкупно запишани 3375 избирачи.
Во Неготино од 16.005 излегле и гласале 13,55 отсто од евидентираните граѓани.
Во Демир Капија има 3420 евидентирани граѓани со право на глас а од нив до 10 часот излегле и гласале 17,08 отсто./ А.Д
