Китев ги повика противкандидатите од ВМРО-ДПМНЕ на тв дебата

Објавено на 16 април, 2014 во 13:19

Кандидатот за пратеник на СДСМ од Кавадарци, Бетиан Китев на денешната прес конференција упати јавна покана до кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да прифатат телевизиска дебата. Според него. народот имал право да ги слушне кандидатите, програмата и ставовите за прашањата кои се најважни за Кавадарци. „Охрабрете се и прифатете телевизиско соочување“ им порача Китев.

Тој, обраќајќи им се на граѓаните нагласи дека немало сила, немало институција, или механизам кој смеел  да го узурпира право на глас на секој граѓанин.

„Во изминатите 8 години власт, ВМРО-ДПМНЕ за едни беше мајка за други маќеа. По изминати 8 години власт на ВМРО-ДПМНЕ секој граѓанин на Република Македонија очекува промени, подобра иднина и нов почеток.Превземаме обврска пред Вас и ветуваме дека ќе ги решаваме проблемите кои се создадени од неразумната политика на актуелната власт. По превземањето на власта, после 27 април ќе се залагам и јас и новата влада на СДСМ , грозјето редовно да се плаќа, социјалната помош ќе ја зголемиме за 40%, ќе го укинеме екстерното тестирање а ќе воведиме и ефтина викенд тарифа која ќе биде посебно потребна за социјално ранливите категории на граѓани и заштита од енергетска сиромаштија“ рече Китев и побара подршка за кандидатот за претседател Стево Пендаровски и за пратеничклата листа на СДСМ./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.