Заев од Кавадарци: „Кога премиерот со Р ќе каже пари тогаш ќе кажеме дека снимката е монтажа“
„Кога ќе научи премиерот со „Р“ да каже пари, тогаш ќе кажеме дека снимката за неговиот криминал е монтажа“ рече денеска пред кавадарчани лидерот на СДСМ Зоран Заев. На Македонија и е доста од црни сценарија и диктатура. На Македонија и требаат промени, рече тој и ги повика граѓаните масовно да излезат на избори и ја дадат подршката за СДСМ.
Лидерот на СДСМ денеска беше во предизборна посета на Кавадарци. Се сретна со членовите и симпатизери на партијата, оствари средба со граѓаните низ повеќе населени места и ги повика добро да размислат како живеат и дали им се потребни промени.
„Велигден ќе го поминеме вака со народот и со средби за да видеме како живеете на празници им рече Заев на присутните граѓани во центарот на Кавадарци.
„Масовно ни треба вашата подршка. За поубав живот и промени на подобро.Излезете на гласање и дајте го својот глас за луѓето на СДСМ. Дајте им шанска да ја водат Македонија кон подорбо и пружете си можност самите да живеете поубаво им порача Заев на кавадарчани.
На средба со кавадарчани денеска беше и носителот на листата на СДСМ и коалициските партнери во изборната единица 4, Хари Локвенец. Тој со својот тим пред кавадарчани ја промовираше изборната програма.
“Премногу е очигледно и очекувањето и потребите на граѓаните од промени. Ние, оваа битка ја продолжуваме со несмален интензитет, а енергијата ја црпеме од вас, граѓаните на Република Македонија, рече Локвенец и упати отворена покана за тв дуел до Зоран Ставревски. Му порача да не се криел зад ароганцијата и циничната насмевка./A.Д
