Коџобашиев: Намалување на невработеноста и отворање на нови работни места – клучен приоритет на ВМРО ДПМНЕ
Ваквите политики на владејачката партија го намалија процентот на невработеност од 36, 5 проценти во 2006 на 28, 6 до крајот на минатата година, рече кандидатот за втор пратенички мандат Ѓорѓи Коџабашиев. Новите инвестиции според него придонесоа за намалување на невработеноста во Велес, за околу шест илјади граѓани. Со отворањето на новата фабрика во индустриската зона Караслари очекуваат и дополнително намалување на невработени во градот.
Во новата изборна програма ВМРО ДПМНЕ вети отворање на 64 илјади работни места и намалување на стапката на невработеност на 22 проценти. Коџабашиев посочи неколку мерки во насока на поттикнување на вработување на млади луѓе.
„Можност за ослободување од плаќање на социјални придонеси на работодавачи кои ќе вработат лица до 29 години е мерка за поттикнување на младите да се вработат со полно работно време, а за работодавачите ослободување од социјалните придонеси, што ќе значи намалување на трошоците за вработување за околу 37 проценти, рече Коџабашиев.
Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе донесе и оперативен план за вработување на над три илјади лица и за него е предвиден буџет од 150 милиони денари, истакна Коџабашиев.
„Програма за вработување – прва шанса. Со оваа програма ќе се обезбеди поддршка за евидентирани невработени лица со завршено високо образование до 29 годишна возраст, за истите да се стекнат со одредени практични знаења и вештини и станат конкурентни на пазарот. Владата предводена од ДПМНЕ нуди програма за самовработување, субвенционирано вработувањеи практиканство на млади лица, рече Коџабашиев.
Со овие мерки како дел од новата изборна програма ВМРО ДПМНЕ ја бара поддршката на граѓаните внедела./Д.С
