Китев: „Земјоделците ќе добиваат сигурни и навремени субвенции“
„Во последните пет години цените на ѓубривата, пестицидите, семето и садниот материјал, нафатата, амбалажата и другите репроматеријали трајно се зголемени, додека цените на примарните производи или стагнираат или се незначително зголемени. Актуелната власт која ресорот земјоделие и го предаде на кадар на социјалистичката партија во последните години не само што не го стабилизира лозарството, туку со своите политики го оневозможи развојот на овој сектор“ обвини на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на СДСМ од Кавадарци Бетиане Китев и нагласи дека реколтата 2013 лозарите ја завршија без ветените 2 денари по килограм дополнителна субвенција.
Китев говореше и за мерките кои се дел од нивната програма, а би се реализирале само доколку ја добијат подршката на граѓаните. Вети сигурни и навремени субвенции наменети за конкурентен развој на земјоделството.
„Идната влада на СДСМ ќе доделува субвенции во поголем обем, со одредена динамика на исплата тогаш кога на земјоделците ќе им бидат најпотребни. Идната наша влада ќе ја субвенционира нафтата за земјоделска механизација. Тоа ќе го овозможиме преку интервенција во акцизната давачка.Ќе ги ослободиме земјоделците од персонален данок.
