ДУИ за прв пат со пратеничка листа и во четвртата изборна единица
Носителот на листата на ДУИ во четвртата изборна единица Неџати Јакупи денеска беше на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци. Тој нагласи дека за прв пат ДУИ има своја пратеничка листа во четвртата изборна единица.
„ДУИ во четвртата изборна единица за првпат на изборите учествува со листа за пратеници од оснивањето во 2002 година. Имало симпатизери во тиквешијата и во неколку наврати на претседателските избори сме освоиле значителен број на гласови, граѓаните сега ќе го кажат своето на 27 април и ќе ја видиме вистинската слика. ДУИ дава силна порака дека Македонија ја сметаме за наш заеднички дом со македонците,турците,ромите,власите со сите и мислиме дека имаме докажано дека сме работеле за доброто на Република Македонија во сите изборни единици каде сме освоиле гласови и сакаме со нашта програма да бидеме претставени и во четвртата изборна единица и луѓето во овие места да бидат претставени преку ДУИ и во извршната власт. Една стара поговорка вели цело е кога е се и ние со ова го заокружуваме нашето функционирање на целата територија на Република Македонија“ рече Јакупи./ А.Д
