Коџобашиев: Од големо значење за спортот е реконструкцијата на стадионот и спортската сала
Партијата на власт продолжи со презентација на делови од програмата за претсојните парламентарни избори. Спортот беше во фокусот денеска на кандидатот за пратеник Ѓорќи Коџабашиев. Според него од големо значење ќе биде реконструкцијата на градскиот стадион и спортската сала.
„Велес ќе добие современ објект според стандардите на ФИФА И УЕФА. Вкупната вредност е околу 300 илјади евра. Исто така од големо значење е реконструкцијата на спортската сала Гемиџии со краен рок до 2017 година, рече Коџабашиев.
Во делот на спортот во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ акцент ставаат и на училишниот спорт и неговиот развој, како база за сите клубови во повеќе спортови.
„Во следниот период ќе се воведе законска обврска за сите училишта да регистрираат училишни клубови во 10 спорта, од кои најмалку пет клубови да бидат активни и да бидат вклучени во системот на натпревари, рече Коџабашиев.
Како дел од оваа програма од септември во гимназијата ќе започне да функционира дисперзираната паралелка за фудбал и ракомет во рамките на спортската академија.
