Коџобашиев: ВМРО ДПМНЕ и во иднина ќе инвестира во културата – Велес бил и ке остане културна колевка
ВМРО ДПМНЕ и во иднина ќе инвестира во развојот на културата, бидејќи Велес бил и ќе остане културна колевка во Македонија. Ќе ги стимулира сите културни институции во градот, а ќе ги поддржи и традиционалните манифестации, најави денеска кандидатот за пратеник Ѓорѓи Коџабашиев.
„ВМРО-ДПМНЕ и во идниот период ќе продолжи да работи во оваа насока и засилено да создава плодна почва во Велес за развој на културата. Ќе продолжиме со интензивна стимулација на сите културни институции во градот со цел Велес да блесне во сиот свој сјај, како најважен културен центар во Македонија, рече Коџабашиев.
Реконструкцијата на спомен костурницата, заменетата дограма на локалната библиотека се доказ дека ДПМНЕ инвестираше во претходниот период, вели Коџабашиев. Сепак според него најзначаен проект од областа на културата е изградбата на новата театарска зграда.
„Со добивањето на новата театарска зграда, придобивка нема да имаат само љубителите на театарската уметност туку практично сите граѓани затоа што новиот театар, благодарение на софистицираната опрема и мултифункционалниот дизајн, ќе има можност за прикажување на балет, опера, филхармонија, концерти на врвни музичари, односно Велес, ќе има можност да се врати на картата на големите и значајни културни збиднувања во државата, рече Коџабашиев.
Коџабашиев потсети дека Велес доби нов кино проектор, а изминатите неколку години локалната библиотека доби над шест илјади книги од стручна и светски позната научна литература.