Централен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Велес: Двојна победа со двојно повеќе гласови во недела на претседателските и парламентарни избори

Објавено на 25 април, 2014 во 20:46

Заев виде дека не може со ВМРО и Коалицијата да се натпреварува со позитивни дела, не може да се натпреварува со нашиот тим, со добри идеи а виде и на 13 април дека македонскиот народ и граѓаните на Македонија знаат дека може да се направи разлика од 123 илјади гласови па се втурна во вториот круг во крајно валкана кампања, рече вечерва лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Велес.

„ Со клевети, навреди, монтажи, фалсификати, обвинувања и измислици. Мислам дека сега ќе видат дека тоа е рецепт за уште поголем пораз на изборите на 27 април. Народот сака иднина, почитува работа и дела, чесен однос кон работата и кон него. Народот не следи цело време. Мене ме следи уште од министерството за трговија, кога ја почнав кампањата „Купувајте Македонски производи. Ме следеше и во министерството за економија, во опозиција како пратеник па и како претседател на ВМРО, во многу искушенија и тешки денови, избори, кога му требаше потпора на македонскиот народ. Ме следи и од како сум премиер но ги следи и нив, од времето на транзицијата и приватизацијата од времето кога 200 илјади луѓе отпуштија од работа и го приграбија државниот капитал вреден 5 милијарди евра за симболични суми и го распределија на нивните олигарси. Ги паметат од времето на ТАТ  и од времето во 2002 година кога им ветија на граѓаните по еден вработен од семејството а и како опозиција, рече Груевски.

Тој пред велешани рече валканата кампања на СДСМ не била ништо друго туку  обид Заев да си го спаси претседателското место во партијата со опција во недела на изборниот ден да испровоцираат стотици инциденти а потоа да ги повлечат членовите во избирачките одбори и да не ги признаaт изборите.

Груевски ги потсети велешани на реализираните проекти во изминатите години и ја побара нивната поддршка за да ги довршат започнатите и новите 2046 проекти. Им вети на граѓаните дека во иднина во фокусот на неговата Влада ќе биде Велес и решавање на проблемите на велешани како невработеноста, инфраструктурата, и уште десетици други кои ќе донесат поквалитетен  живот на граѓаните.

На централниот митинг вечерва пред велешани и граѓаните од Македонија се обрати и кандидатот за претседател, Ѓорге Иванов.

„Во изминатите пет години бев вашиот глас, зад секоја моја одлука стоеја интересите на Република Македонија. И во наредните пет години ќе работам заедно со вас и за вашите потреби. Нема да прифатам промена на Уставот ниту пак идеи кои ќе и наштетат на земјата, нема да дозволам ниту една влада ниту една држава да го спори идентитетот на граѓаните. Гласно кажав и во ОН и во Брисел и на сите меѓународни собири дека нема дека нема ниту една држава, нема ниту една Влада, ниту една сила која може да го спори правото на Македонсците да бидат Македонци,“ рече Иванов.

Носителот на листата со пратеници во Изборната единица број 3, Никола Тодоров им се заблагодари на велешани за најголемата победа во првиот круг на претседателските избори или за разлика од 7 илјади гласови. Тој вети работа и реализација на предвидените 2046 веќе од понеделник.

„Сакам од вас граѓаните на Велес, да го поддржите  актуелниот и иден претседателт Ѓорге Иванов, човекот кој се бореше со нас, кој ги отвораше вратите во странство, достојно се бореше дома за стабилни институции, кои работат со единствена цел државата да биде пред се, Македонија да биде пред се, граѓаните да бидат пред се. Ајде заедно во недела да почнеме со изградбата на автопатот кон источна Македонија, на останатите автопати во централна и западна Македонија, заедно да го трасираме патот на континуирано имплементирање на сите проекти што ги предвидовме. Ни е потребна вашата доверба за да можеме да ги исплаќаме 600 милиони субвенции или 150 милиони годишно, да градиме брани, да го реконструираме мостот „Гемиџии“ во Велес, рече Тодоров.

Пред велешани говореа и кандидатите за пратеници Ѓорги Коџобашиев, Илија Димовски и Влатко Ѓорчев и ги соопштија своите очекувања за  двојна победа во недела, за што ги повика велешани масовно да излезат на гласачките места и да и ја дадат својата поддршка./Д.С


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.