Приведен крадец во Велес за издржување едногодишна затворска казна

Објавено: 22 октомври, 2026, во 10:58 часот

„На 21.10.2026 година во 23:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Б.М.(35) од село Бузалково, велешко. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување на казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето Б.М било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.