Ретката појава на „пробивање на имунитетот“ не е причина да се отфрлаат вакцините

Објавено на 10 август, 2021 во 09:12

И вакцинираните се заразуваат од ковид, а некои од нив и умираат! Со оваа информација со восклик се јавија антивакциналните кругови во земјава и побрзаа да се порадуваат дека вакцините, всушност, потфрлиле. Но, дали е навистина така и зошто во земјава и во светот – насекаде без исклучок, се јавуваат ретки случаи каде граѓани кои биле вакцинирани со две дози против ковид, сепак се заразиле, а сосема мал дел од нив и починале како последица на компликации од вирусот?

Пишува: Мирослава Бурнс

Последните анализи на Националниот институт за јавно здравје на Италија покажуваат дека по февруари, речиси 99 отсто од смртните случаи од ковид-19 се евидентирани кај лица кои не биле целосно вакцинирани. Во официјалниот извештај на Институтот е наведено и дека бројот на смртни случаи кај оние со две примени дози од вакцината е особено низок, односно изнесува околу еден процент, а станува збор за лица кои имале здравствени проблеми и пред инфицирањето со коронавирус, со просечна возраст од над 88 години. Инциденцата на инфекција, односно соодносот помеѓу бројот на нови случаи и вкупниот број на население, е десет пати помала кај вакцинираните отколку кај невакцинираните лица, што е силна потврда на ефикасноста на вакцините.Пораст на хоспитализациите и смртните случаи меѓу невакцинираното население е забележан во повеќе европски земји. По наглото зголемување на нови случаи во Шпанија од крајот на јуни, над 83 отсто од починатите лица биле невакцинирани, а 11,4 проценти биле нецелосно вакцинирани. Во Обединетото Кралство 60 отсто од хоспитализираните лица биле нецелосно вакцинирани, како и во Белгија, каде скоро половина од инфицираните кои биле хоспитализирани со тешка клиничка слика не ги примиле двете дози на вакцината.Во Соединетите Американски Држави, пак, скоро 100 отсто од вкупниот број на хоспитализации се забележани кај неимунизираното население, а според податоците од јуни, 98 до 99 отсто од починатите воопшто не биле вакцинирани. Со појавата на делта сојот на ковид-19, бројот на случаи во земјите на САД рапидно расте, особено во оние со ниска стапката на вакцинација.

Вакцинацијата е единствен начин да се стави крај на пандемијата. Во оваа заедничка борба сите подеднакво ја делиме одговорноста. Секој граѓанин кој не е имунизиран го изложува на ризик своето, но и здравјето на останатите. За да го спречиме враќањето на рестриктивните мерки и да го вратиме нормалното секојдневие, важно e секој од нас да даде свој придонес и да се вакцинира, велат од Министерството за здравство. 

Вакцините си ја вршат работата 

Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом Скопје, за „Вистиномер“ вели дека вакцините против ковид-19 се високо ефикасни во спречување на тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а исто така, ја намалуваат и можноста за блага или асимптоматска инфекција.

Мал дел од вакцинираните со две дози се инфицираат, а значително е помал бројот на хоспитализирани со тешка форма на болеста и смртни случаи. Но, овие ретки појави познати како „breakthrough cases“ или случаи на пробивање на имунитетот, треба да се очекуваат, бидејќи историски е познато дека ниедна вакцина не е 100 проценти ефикасна. Според прегледот на доказите од Центарот за контрола на болести на САД, податоците од Велика Британија, Канада и Израел, вакцината на „Фајзер“ е повеќе од 90 проценти ефикасна против хоспитализација или смртен исход, дури и кога инфекцијата е со делта варијантата. Според ЦДЦ, невакцинираните луѓе имаат 8 пати поголема веројатност да бидат инфицирани со коронавирус и да имаат лесна форма на болеста, 25 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани и 24 пати поголема веројатност да имаат смртен исход од ковид-19 во споредба со луѓето кои се вакцинирани, објаснува доктор Мехмедовиќ.

Тој додава дека конечниот заклучок е дека случаите на пробивање се исклучително ретки и тие не се причина за ескалирање на пандемијата.

Во државите со висок процент на вакцинирани, брановите на ковид-19 не доведуваат до зголемена хоспитализација или зголемен процент на смртност. Примерот од Велика Британија покажува дека и покрај огромниот пораст на случаи поради делта варијантата, има само мали зголемувања на хоспитализации и смртни случаи, од кои најголем дел, преку 95 проценти од хоспитализациите се кај невакцинирани случаи. Затоа, не треба да се фокусираме на овие ретки случаи на пробивање. Вакцинираните лица треба да бидат внимателни, но сепак можноста за инфекција е 8 пати помала кај нив споредено со невакцинираните лица. За да ја прекинеме оваа пандемија, потребно е да се фокусираме на зголемувањето на процентот на вакцинација со вакцините кои сè уште се високо ефикасни кон сите варијанти на вирусот. Доколку ова набрзо не го оствариме, голема е веројатноста дека ќе се појави нова варијанта на вирусот која ќе биде целосно отпорна на ефектот од вакцините, додава Мехмедовиќ.

Доктор Горан Кунгуловски, кој работи во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во „Жан Митрев Клиник“, истакнува дека вакцините уште си ја вршат својата работа, дури и со делта варијантата на коронавирусот која е позаразна. Освен тоа, кај делта варијантата потребно е пократко време од контактот до инфицирањето споредено со оригиналната варијанта на коронавирусот. Кај заразените со делта сојот, според доктор Кунгуловски, се детектира просечно околу илјадапати повисока концентрација на вирус отколку кај изворниот сој.

Бидејќи времето од контакт до ПЦР позитивитет е намалено и, бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, ќе треба агресивно следење на контакти и изолација на заразените и нивните контакти. Исто така, одговорност и на населението коешто нема решенија, ама има сознанија за контакт со позитивен или за појава на симптоми. Бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови. Значи 70-80 проценти од ПЦР позитивните би се детектирале и на рапид антигенски. Ова ќе овозможи побрзо тестирање и скрининг на населението. Значи, на ден 5 од контактот со позитивен би можеле да се детектираат приближно 60 проценти oд позитивните со рапид антигенски тест. Што значи ова за вакцините? Вакцините сè уште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за зараза е 10-20 пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Значи луѓето сеуште може да се заразат, посебно тие што се во постојан контакт со заразен, ама веројатноста е драматично намалена. Вакцинираните покрај тоа што имаат помала веројатност да се заразат, доколку се заразат имаат помала шанса да заразат некој друг. Вакцините сеуште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за сериозни симптоми и смртен исход е десетици можеби и стотици пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Пример ако кај невакцинирано население би имало 20 смртни исходи, кај вакцинирано би имало 1. Неопходно е приоритетно вакцинирање на постарото население и населението со коморбидитите. Така ќе се намали бројката на сериозно болни и бројката на смртни исходи. Доказ за ова е Велика Британија каде што има нов силен бран (како есенскиот), но минимален број на хоспитализации и смртни исходи поради големиот процент на вакцинирано население, посебно постаро. Со понатамошна вакцинација и евентуално трета доза, ќе може да се намали и ланецот на трансмисија. Така ќе се сузбие пандемијата. Нема друг начин, само вакцини, редовно тестирање и одговорност, вели Кунгуловски. 

Докторандот на Институтот Каролинска во Шведска, доктор Харис Бабачиќ, кој го коментираше случајот кога во земјава вакциниран човек со 2 дози се заразил и починал од ковид -19, што доведе до некаква паника во јавноста, објаснува:

Чувствувам потреба да појаснам што, всушност, значи високата ефикасност на вакцините во спречување смртен исход од ковид-19. Не познавам процедура која гарантира апсолутна стопроцентна заштита од некоја болест или смрт во било кое поле, па ни во медицината. Така е и со вакцините. Како што претходно имам пишувано, студиите за процена на ефикасност можат да проценат дека некоја вакцина е 100 проценти ефикасна во даден експериментален дизајн, но во реалноста, најчесто се случува вистинската ефикасност на ниво на популација (која ја нарекуваме ефективност) да е неколку проценти пониска. Па, така, на пример првично проценета ефикасност, во реалноста може да варира од  93 проценти до 99.9 проценти (илустративен пример). Што тоа значи? Најупростено, 99 проценти ефикасност во спречување на смрт од ковид-19 би значело дека ако од 100,000 невакцинирани би ни починале 1,000 луѓе, од 100,000 вакцинирани ќе ни починат 10 луѓе, доколку се заразат. Така да не значи дека нема никогаш повеќе да видиме луѓе да починуваат од ковид-19 доколку сите ги вакцинираме. Ќе гледаме, но разликата ќе биде огромна споредено со тоа ако не сме ги вакцинирале луѓето. Разликата е огромна и ако таа ефикасност е на пример 90 проценти – во дадениот пример, тоа се 900 спасени животи на 100,000 вакцинирани. Се надевам дека ова ќе ги разреши дилемите во јавноста доколку имало некакви забуни. Вакцините делуваат.

Пробивање на имунитетот кај вакцинираните, не значи дека вакцината потфрла

Светските медиуми како жешка ја третираат темата со заразата на целосно вакцинираните граѓани, со оглед на тоа што вакви случаи има во секоја земја.„Вашингтон пост“објави дека за една недела позитивен тест на коронавирусот добија тројца играчи на Њујорк Јенкис, гимнастичар на Олимписките игри, повеќе законодавни функционери во Тексас, функционер во Белата Куќа и вработен во канцеларијата на Ненси Пелоси. Овие случаи на пробивање на имунитетот за неупатените може да сугерираат дека регуларно коронавирусот пробива кај вакцинираните и им ги уништува имуните бариери, но не е така.

Случаите на пробивање на имунитетот се очекувани, дури и кога имате високоефективна вакцина, вели Рој М. Гулик, шеф на одделението за инфективни болести во Вел Корнел Медисин во Њујорк за „Вашингтон Пост“.

За да се разбере зошто ова е така, треба да се сфати што се, а што не се вакцините.

Кога ќе чуете за случај на пробивање на имунитетот кај вакцинираните, ова не значи дека вакцината потфрла, изјави Ентони Фаучи, водечкиот експерт за инфективни болести во САД.

Сè уште е точно дека вакцините штитат од сериозен тек на болеста и хоспитализации и смрт, заклучува тој, а пренесува „Вашингтон Пост“.

Кога имунизираните не се тестираат често, можно е многу вакви случаи на пробивање на имунитетот да се пропуштат како благи настинки и да поминат незабележано. Ако вакцинираните луѓе репетитивно се тестираат, без разлика на симптомите, како во случајот со Олимписките игри, на пример, тие тестови може да се покажат позитивни уште пред имунолошкиот систем да ја победи заразата. Значи, на тие тестови се покажува слаб вирус. Вакцината речиси секогаш превенира многу да се разболите, но не секогаш може да ја запре инфекцијата, се вели во текстот на „Вашингтон  Пост“. Исто така, не секоја инфекција прогресира во ковид-19. Можно е вирусот да постои во нечија уста или нос, без да предизвика замор, болки, губење на мирисот и вкусот, или други карактеристични симптоми за ковид-19. Ова е познато како асимптоматска инфекција.

Значи, иако е можно вакцинираните со две дози да се заразат со ковид, па дури и кај имунокомпромитираните пациенти со слаб имун систем како последица на комбинацијата на коморбидитети и ковид-19, да настапи и смрт (ретки случаи), сепак вакцините се ефикасни и делотворни во превенцијата на тешката форма на ковид-19, полнењето на болничките кревети и фаталниот исход кој без вакцината е многу почест отколку со неа.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
xổ số mega ngày mùng 9 tháng 7
trang cá cược bóng đá uy tín nhất hiện nay
khuyến mãi 8xbet
những ngã rẽ cuộc đời thuyết minh
lich thi dau mi
kết quả xổ số vietlott mega ngày hôm nay
kết quả bóng đá russia 2nd division
kết quả bóng đá giao hữu u23 trung quốc
xem trực tuyến vtv3
đền thờ vua thủy tề
socolive tv trực tiếp bóng đá
lịch thi đấu giải hạng nhất quốc gia nam 2024
bóng đá soi kèo nhà cái
động cơ xăng có tỷ số nén từ
quy định tỷ lệ thương tật
lich thi dau bong da.hom.nay
trực tiếp đá banh giải euro 2014
live champions league gratis
xổ số miền nam ngày 19 tháng 04
xổ số đồng nai 15 tháng 10
ku casino app
nagavip39club - cổng game quốc tế android
xổ số mega ngày 24 tháng 04 năm 2024
tiền thưởng bóng đá nữ việt nam
8xbet
xổ số vĩnh long sông bé thứ sáu
kết quả xổ số đồng nai 7/2/2024
xổ số ngày 17 tháng 3 đài sóc trăng
cá cược bóng đá euro 2024
kết quả xổ số miền bắc của ngày
vì sao ở nước nga năm 1917 lại có hai cuộc cách mạng
gamepoker
ghi âm cuộc gọi trên huawei nova 3i
xo so thong ke
slovakia – ukraine kèo nhà cái
copa america đài nào
du đoán xsmb
dự đoán xổ số minh ngọc bến tre hôm nay
trang cá cược online tốt nhất full
only 13 teams in the first world cup
cách rút tiền từ fb88
kết quả bóng đá đội fulham
kết quả xổ số thành phố ngày 15 tháng 2
Lịch thi đấu tiger cup 2020
kết quả xổ số ngày mùng 6 tháng 11
lời cuối cho cuộc tình đan nguyên
trực tiếp euro world cup
đội hình man city gặp tottenham
vòng loại thứ 3 world cup 2022 thể thức
kết quả bóng đá 7cm
dự đoán kết quả xổ số hôm nay
xổ số 666
cách cài ghi âm cuộc gọi cho iphone 6
app đánh bài đổi thưởng uy tín
8xbet
atletico man utd
kết quả lịch thi đấu vòng loại world cup 2024
8xbet Trang Chủ Chính Thức
8xbet apk
8xbet baccarat
8xbet có uy tín không
8xbet fun
8xbet games
8xbet games
8xbet guru
8xbet keo
8xbet kiến thiết
8xbet login poker
8xbet ltd
8xbet man city deal
8xbet may
8xbet media
8xbet slot auto
8xbet slot game
8xbet tv
8xbet tài khoản
8xbet tài trợ man city
8xbet Đăng nhập
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
8xbet.top
app 8xbet
baccarat 8xbet
baccarat trực tuyến 8xbet
casinos with baccarat 8xbet
chơi baccarat 8xbet
doanh thu cược 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
khuyến mãi 8xbet
link dang nhap 8xbet
nhà cái 8xbet 8xbet.li
nạp tiền 8xbet
nạp tiền 8xbet
sexy baccarat 8xbet
sòng bạc casino 8xbet
the thao 8xbet
trang web chính thức 8Xbet
tải app 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh bạc trên mạng 8xbet
app cá cược bóng đá 8xbet
8xbet slot demo
ku casino 8xbet
8xbet xóc đĩa
nhà cái 8xbet
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
sòng bạc trực tuyến 8xbet
8xbet media
online baccarat 8xbet
app đánh bạc online 8xbet
8xbet tải app
8xbet soi kèo
8xbet yachts
8xbet ltd
bet soccer 8xbet
8xbet poker
baccarat đổi thưởng 8xbet
thể thao 8Xbet
8xbet
baccarat casino online 8xbet
8xbet
game bài 8xbet
Trang web cá cược 8xbet
nổ hũ 8xbet
cược xâu 8xbet