Став на Мартин Божинов по објавена вест „Неготинец тепал малолетничка, приведен е во полиција“
По напишаната и објавена вест на Дума.мк, во петокот, на 13 декември, годинава, со наслов „Неготинец тепал малолетничка, приведен е во полиција“ свој став соопшти и лицето М.Б кое во веста, чиј извор е Сектор за внатрешни работи Велес, е момчето кое го извршило физичкиот напад. М.Б го откри својот идентитет и на Фан пејџот на Дума.мк, на Фејзбук, ја напиша сопствената вистина за „физичкиот напад“ над малолетничката за што бил приведен во Одделение за внатрешни работи Неготино. Напишаното од Мартин Божинов го пренесуваме во целост:
„Здраво на сите јас сум личноста што е горенаведена и сакам само да кажам неколку работи. Тој ден се наоѓав во мојот дом и добив повик од непознато лице кое ми се закануваше од телефонот на личноста што ме пријавува и ме повика на салата младост во Неготино. Јас кога пристигнав таму бев нападнат од 5-6непознати лица а иницијатор е личноста што ме пријави затоа што од нејзиниот телефон бев повикан таму по извршениот напад врз мене личностата под дејство на наркотични средства оди во полиција и лажно ме пријавува дека е нападната од моја страна без никаков доказ на рекла казала.Јас лично сам отидов во полициската станица затоа што знам дека не сум нападнал никој а за тоа има и докази (сведоци и видео надзор од бензиската Црна Река).По лажната пријава кон мене е нарушен мојот углед мојата приватност што е пријавено од моја страна и се поднесени кривични пријави до обвинителството за нарушување на углед и приватност за лажно пријавување, за напад кон мене од непознати лица и за иницијаторот што го смисли извршувањето на нападот врз мене.
Кој е крив и кој што направил ќе си одговара по закон и ќе се утврди точно како било и што се случило а за сето тоа постојат докази!“
Убавка Јаневска