Акциска контрола за пешаци, малолетник каснат од бездомно куче и казни за не носење на маски

Објавено на 7 мај, 2021 во 11:17
Сектор за внатрешни работи Велес

Во Полициска станица Велес, на 6 мај, четврток, биле пријавени два случаи за напад од бездомно куче. Првиот го пријавила  Е.Ј. (36) од Велес и објаснила дека на улица „Максим Горки“ нејзиниот малолетен син бил каснат од бездомно куче. Вториот случај го пријавил 49 годишниот Г.К од село Смојмирово, беровско, дека на улица„Ангел Мишев“ во Велес, исто така, бил каснат од бездомно куче.

Во текот на истиот ден, била спроведена и акциска контрола на прекршоци кои ги прават пешаците во сообраќајот. Акциската контрола била спроведена на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, започнала во 09:00 часот и траела до 14:00 часот. Вкупно 13 граѓани биле казнети од кои седум во Велес, четворица во Кавадарци и двајца во Неготино.

Овие лица ќе бидат соодветно санкционирани, соопшти потпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 45 граѓани. Од нив 20 велешани, осум кавадарчани, и 17 неготинци.

За време на полициски час, кој трае во временски период од 23:00 до 05:00 часот, евидентирани се два прекршоци од страна на полициски службеници во Кавадарци, против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License