Актерот Стојанов на велешки Театар награден е на Меѓународниот Фестивал „Денови на комедија 2025“ во Куманово

Објавено на 10 октомври, 2025 во 14:53

-Оваа награда ја доживувам како потврда дека сум на добар пат и дека мојата работа на сцена е забележана. Таа за мене не е само чест, туку и обврска да продолжам да се усовршувам и да вложувам уште повеќе во секоја наредна улога. Верувам дека ваквите признанија се значајни бидејќи отвораат нови можности, носат поголема одговорност и поставуваат повисоки стандарди понатаму во кариерата. Во театарот ништо не се постигнува самостојно – успехот секогаш е резултат на заедничка работа и доверба меѓу колегите, режисерот и публиката. Ова признание ми дава дополнителна мотивација да бидам посветен на она што го правиме, а тоа е создавање на претстави кои остават трага,“ одговори наградениот актер Благојчо Стојанов на прашањето на Дума.мк што за него претставува наградата за најдобра споредна машка улога на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија „Куманово 2025“.

Престижното признание на актерот Благојчо Стојанов му е доделено за неговото маестрално толкување на ликот Перо Циа Администрација во претставата „Госпоѓа министерка“, на НТ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во режија на Синиша Евтимов.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.