Амбасадорот Гир од Велес: Дојдовме овде да видиме како Европска Унија, со свои финансиски средства, го поддржува развојот на Велес
Отворено туристичко информативно биро во центарот на Велес и обиколка на сите реализирани активности, како подпроекти на „Смарт езеро Младост“, денска направи Амбасадорот на Европска Унија Дејвид Гир со домаќинот, градоначалникот на Велес Аце Коцевски. По разгледување, Амбасадорот Гир со изјава во која ги потенцираше финансиските поддршки коишто го стимулираат развојот на туризмот, зелената и локалната економија во државата како и прераснувањето на езеро Младост во интересна дестинација како за домашни така и за странски туристи.
– Мојот совет до туристите ќе биде, доколку ви е смачено од патувањето а сте на пат по Коридор 10 ,ова ќе биде извонредно место каде што ќе можете да застанете со семејството. Зошто не и да се спакувате и плански да дојдете овде и да поминете еден убав ден, додаде Амбасадорот Гир.
Изгледот на езеро Младост, што полека, се менува со реализација на проектот „Смарт езеро Младост“ за евроамбасадорот Гир е предизвик да дојде повторно таму. Изградениот Еко камп со Парк на авантури, на површина од 1.500 м2, во кој се поставени 7 типизирани куќички во облик на барик буриња како за возрасни е особено интересен за деца бидејќи внатре има доволно простор за игра и забава што ги нудат Замок, Брод и реквизитите за рекреација. Во овој дел ќе се доуредат уште две училници за изведување на настава на отворено. Во дрвените куѓички со изглед на буриња има и 28 кревети за потребите од сместување на туристи.
– Европска Унија со проектот за локална и регионална конкурентности заедно со Светска банка му даде огромна шанса на Велес да прерасне во значајна транзитна туристичка дестинација во државата и во регионот и да го искористи отенцијалот на езерото покрај коешто годишно поминуваат над 2 милиони транзитни туристи. Со проектот ја добиваме првата смарт туристичка дестинација во државата која овозможува развој на транзитниот туризам со примена на нови дигитални технологии. Проектот ќе отвори нови работни места и ќе ја зајакне локалната економија што е од исклучителна важност за Велес, рече Градоначалникот Аце Коцевски.
Изградената нова пешачка и трасираната велосипедска патека на езерскиот брег, сувенирницата, поставените смарт светилки, клупи и велосипеди, потоа новата урбана опрема, паркот за деца со посебни потреби се само дел од резултатите на подпроектите за коишто се вложени 61 милион 972 илјади и 91 денари. Од вкупниот буџет 55 милиони 505 илјади и 755 денари се финансиска поддршка на Европска Унија и 6 милиони 466 илјади 336 денари од буџетот на Општина Велес.
Убавка Јаневска