Андовски: СЗО и УНИЦЕФ потврдија дека за 75 % намалена е смртноста кај новороденчињата во Македонија, во изминатата деценија (видео)

Објавено: 29 април, 2026, во 18:12 часот

Оваа информација денеска ја соопшти заменик министерот за здравство, Јовица Андовски во Велес презентирајќи, како што рече, најнови податоци од Извештајот за 2025 година на Светска здравствена организација и УНИЦЕФ за Македонија. Стапката за одобрување на 75% намалена смртностна новороденчињаво Македонија, според двете релевантни светски институции, значајна е затоа што со неа се мери мери целокупниот напредок на здравствениот систем во земјите на Европа.  

Дума.мк го прашаше заменик министерот за здравство Андовски на што се должи овој статистички показател?

Според Андовски токму ваквите проекти, како денешниот, на  „Хоуп“ со кои велешка Општа болница доби донација во медицинска опрема содржеле и финансиски поддршки за едукација на здравствените работници и воедно придонесувале за намалување на стапката на смртност кај новороденчињата во државата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.