Андреева: „Во Велес се е подготвено за „Винтерфест“, започнува од утре попладне“ – програмата ја објавуваме (видео и фото)

Објавено на 24 декември, 2024 во 14:05

Дрвените куќички во Младински парк се изнајмени, тезгите за новогодишен „Базар“ се наредени и денеска попладне се чекаше само уште да дозаврши монтирањето на бината. Паркот е местото со најмногу новогодишни декоративни елементи. Таму, од утре попладне, започнува вториот „Винтерфест“ во Велес.

Исто како и минатата година така и оваа Младински парк ќе биде местото на кое велешани ќе можат да пазарат на базарот, да шетаат во новогодишно украсениот парк, да дегустираат разни напитоци, меѓу нив алкохолни и безалкохолни, како и храна од различни видови но и колачи и торти.

Александра Андреева од Кабинетот на градоначалникот на Велес информира за сите содржини кои се организирани за да се доближи новогодишната магија до велешани од утре па во наредните пет дена.

„Винтерфест“ по вторпат ги очекува велешани на убава празнична атмосвера, различна во секој од претстојните денови со програма составена од различни содржини.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.