Ангелов,Пењушков и Ангелков добитници на седмо септемвриските награди и признанија на Општина Кавадарци

Објавено на 8 септември, 2023 во 11:04

Советот на општина Кавадарци по повод денот на ослободувањето на Кавадарци одржа свечена седница. Претседателот на советот д-р Стојанчо Рамов честитајќи го празникот нагласи дека советот носи одлуки во интерес на сите граѓани.

За растот и развојот на Кавадарци во своето обраќање се осврна градоначалникот Митко Јанчев. Се заблагодари на советот но и на бизнис секторот. Нагласи дека Кавадарци се развива и станува еден од најдобрите и најмодерни градови во Македонија. Повика на сплотеност за подобра иднина на градот, општината и сите граѓани.

Годинава наградата „7 ми септември“, на свечената седница, беше доделена на Перо Ангелов за достигнување во областа на спортот, на проф. д-р Димитар Ангелков во областа на иновативното творештво и на д-р Перо Пењушков за придонес во културата.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.