Апел за помош: Да му помогнеме на 4 годишниот Мартин Талевски од Велес на кој му е дијагностициран екстремно редок тип на разорен тумор
Мартин Талевски е роден на 8 ноември, 2019 година, и на 4 годишна возраст му е дијагностициран екстремно реток тип на разорен тумот, Аневризматска Коскена Циста на прв вратен пршлен Ц1. Потребно е итно да се почне со лекување на истиот и да се направат од 3 до 6 интервенции – склерозации на цистата, на интервали од два до три месеци, во болницата Nationwide Children’s Hospital во Columbus Ohio во Соединети Американски Држави.
Цената за 3 интервенции е 52.500,00 УСД. Овие интервенции се единствена шанса да се зачува заболениот пршлен на Мартин кој е во опасност од сронување или кршење. Семејството отпочна хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето и патувањето на Мартин Талевски во Америка.
Од детската градинка „Димче Мирчев“ споделија дека во сите објекти на Установата, од утре, 13 јуни, ќе бидат поставени донациски кутии во периодот на прием на деца со цел да собереме средства за нивното другарче за кое се надеваат дека што поскоро ќе се врати во градинка и ќе го ужива детството заедно со своите другарчиња.
Да ја покажеме хуманоста и заедно да му подадеме рака на Мартин.
Сметка за донации:
Христина Талевски
270-700004294818
Hristina Talevski
Blagoj Gjorev 87/2-19 Veles
IBAN Code: MK07270700031093008
HALK Banka AD Skopje
SWIFТ: EXPCMK22
Како и на броевите:
А1 – 143 502
Телеком – 143 138
Дума.мк