Баба пријавила обљуба над и уцена од малолетна внука во полициска станица
Објавено на 29 мај, 2024 во 14:25
Четириесет и едногодишна жена од неготинско село, вчера вечер, во ОВР Неготино пријавила дека на почетокот на месец мај, во Неготино, двајца малолетници од неготинско извршиле обљуба врз нејзината малолетна внука. Чинот на обљубата го снимал трет малолетник од Неготино, К.П.(19) од неготинско и почнал да ја уценува малолетничката со снимениот видео материјал.
Уценувачот К.П вчера вечер, во 23:30 часот, бил лишен од слобода и од него бил одземен мобилен телефон.
-Мобилните телефони биле одземени и од тројцата малолетници, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Убавка Јаневска