„Баклава за секого“– хуманитарен настан на Државно средно училиште „Коле Неделковски“
Објавено: 20 февруари, 2026, во 15:21 часот
По повод верскиот разник Прочка денеска ученици, професори и Горан Богоевски, директорот на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес поставија хуманитарен штанд во центарот на градот на кој што продаваа баклава подготвена во училиштето.
Хуманитарниот настан се реализираше под мотото: „Баклава за секого“. Велешани се насладија на вкусно подготвените парчиња баклава со ореви и со чоколадо. Исто така за граѓаните беа подготвени и рачно изработени картички со празнична порака, како симбол на простување, добрина и човечка блискост.

„Со секое парче баклава, подарувавме повеќе од слатко задоволство – подарувавме поддршка, човечност и надеж. Зашто Прочка не е само празник на зборот „прости“, туку празник на делото. Благодарност до сите што беа дел од оваа хуманитарна приказна и покажаа дека кога делиме – сите сме побогати“, соопштија од училиштето.

Граѓаните за баклавата и картичата со порака оставаа симболични парични средства.
Убавка Јаневска

