Учениците на ДСУ „Коле Неделковски“ готвеа со производите на велешки „Кристал 1923“ (видео и фото)

Објавено: 12 март, 2026, во 15:56 часот

Стефан Малинов е ученик во прва година во Угостителска струка. Стефан беше дел од тимот ученици коишто денеска со поддршка на професор Марјан Малинов подготвија ролат од локум и сусам со декорација од желе бонбони.

Подготовката на слаткиот десерт течеше вака:

Ученикот Малинов го откри за јавноста традиционалниот рецепт на подготвување на десертот во кои беа употребени производи на велешката компанија „Кристал 1923“.

Исто така, друга група на ученици од Угостителска насока, денеска, под менторство на професор Јане Гонев и Христинка Пачукова подготвија погача од палента.

Рецептот и начинот на подготовка на погачата ја објасни ученикот Мартин Ефтимов.

Додека учениците на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ подготвуваа сладок и солен специјалитет во кабинетот присуствуваше и Елена Лазова директорка за маркетинг на „Кристал 1923“. Задоволна од подготвените специјалитети таа најави дека оваа активност со училиштето ќе продолжи.

Денешниот настан „Готвиме со производите на Кристал 1923“ го организираше професорката Христина Трајкова, раководител на сектор маркетинг на училиштето.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.