Без електрична енергија, од вчера вечер, населените места во Општина Чашка

Објавено на 8 февруари, 2022 во 12:01
Фото: Општина Чашка

Невремето што ја зафати општина Чашка од вчеравечер ги остави без електрична енергија жителите во сите 36 населени места. Струја има само во административниот центар поточно населбата Чашка. Градоначалникот Горан Стојановски за Дума.мк рече дека општината веќе интервенирала до ЕВН бидејќи се сомневаат дека дефектот е на единствениот далековод кој што е поставен на територијата на најголемата, по простор, општина во државата.

На новинарските прашања на Дума.мк од ЕВН одговорија:

-Поради дефект предизвикан од ветер, оштетена е дистрибутивната мрежа во тоа населено место, а екипите го санираат дефектот. Веќе се приклучуваат едно по едно населено место, се надеваме за брзо сите ќе бидат под напон, рече Ленче Карпузовска портпаролка на ЕВН.

Убавка Јаневска  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.