(Видео и фото) Јубилејна, хуманитарна новогодишна детска забава на Ротари Клуб „Бели Мугри“ и Фондација „Фокус“

Двочасовна новогодишна забава во игротека и годинава се одржа во Велес на којашто пееја, танцуваа и се забавуваа дваесет и едно дете од Велес. Нив ги донесоа родителите кои исто така присуствуваа но како публика додека нивните деца ги користеа сите реквизити за детска игра во игротеката. Многу песни и танцување имаше на оваа забава како и насмеани лица.





Сепак овациите и прегратките ги собра Веселиот Дедо Мраз. Еве и зошто.

Забавата кулминираше со добивање на новогодишни подароци и ќесиња.




Штом подароците беа поделени следеше и нов блок на пеење песни за Нова Година и секако за симболот во секој дом, новогодишната елка.
Хуманитарната детска забава ја организираа Ротари Клуб „Велес“ и Фондација „Фокус“ со помош на здравствените работници на Патронажна служба од ЈЗУ Здравствен дом Велес. Ротаријанците ги купија подароците, новогодишните пакетчиња и ја закупија игротеката додека „Фокус“ ја организираше со помош на Патронажната служба на Здравствен дом Велес.
Ова е традиционална забава и годинава одбележа јубилеј, 10 години од почетокот на организирањето. Досега Ротари клуб „Бели Мугри“ во изминатата деценија израдува над 300 деца од Велес, најголем дел од нив од ранливи семејства.
Стефани Манева
