Брачен пар од Велес, тешко повреден во синоќешната сообраќајка на регионалниот пат Штип-Велес

Објавено на 21 јули, 2025 во 12:57

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возач на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес.

-На пациентите им е укажана медицинска помош по прием на Хирушко одделение. Тие се снимени на Компјутерски томограф, направена е лабораторија. Поради сериозноста на здобиените повреди, брачниот пар веднаш е транспортиран во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, рече др Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес.

Сообраќајката се случила околу 23:00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес. Во неа  учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување.

На местото на незгодата бил извршен од увидна екипа на Сектор за внатрешни работа Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.