Брза интервенција спречи ширење на пожар кај село Оморани
Објавено: 31 јули, 2025, во 10:06 часот
Територијалната противпожарна единица Велес вчера примила дојава за настанат пожар на сува трева во близина на село Оморани.
На местото на настанот веднаш интервенирало едно противпожарно возило со тројца пожарникари-спасители. По пристигнувањето, екипата веднаш пристапила кон гасење на огнената стихија.
Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат, со што е спречено негово ширење.
Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење и работа на отворено, особено во летниот период кога постои висок ризик од пожари.
Стефани Манева


