Нема дива туку легална е сечата околу манастирот Согле!
Масовно се сече шумата околу манастирот во Согле, рекоа жители од околните села. Сечата се одвивала повеќе денови а никој од сечачите на дабово и буково дрво не сакал да им каже кој е нарачателот и каде завршува дрвото.
– Се сомневаме дека станува збор за кражба на огревно дрво. Мислиме дека сечата не ја вршат вработени на ЈП Македонски шуми од велешката подружница. Не кажуваат кој сече и зошто па затоа сметаме дека станува збор за дивокрадци – рекоа граѓани од Азот.
Тие беа во дилема дали станува збор за дива сеча во шумите кои се во сопственост на јавното претпријатие или од поседот што таму го има МПЦ поточно Повардарската Епархија.
Во ШС „Бабуна„ рекоа дека нивни работници не сечат огревно дрво во атарот на манастирот Согле. Не упатија одговорот да го побараме од епархијата. Митрополитот Повардарски, Агатангел потврди дека на поседот што црквата го има околу манастирскиот комплекс се сече дрвна маса.
– И не станува збор за дива туку за легална сеча на огревно дрво кое ке го користиме за затоплување на црквите и манастирите во епархијата. За тоа имаме дозвола од ШС Бабуна незнам зошто сечата предизвикала внимание кога се е според законот – рече Владиката.
На ваквиот одговор, жителите од селата околу манастирот во Согле, рекоа дека сомнежот им се појавил само затоа што сечачите молчеле па затоа помислиле дека станува збор за дивокрадци а не за легална сеча./Б.Н
