Возачот на тамчето, во вчерашната сообраќајка кај Јасеново, избегал од местото!
Во истрага која полицијата ќе ја води и од извршениот увид ќе се утврдуваат причините за сообраќајната несреќа која во неделата се случи на локалниот пат село Извор – Јасеново.
Во сообраќајката учествуваа моторцикал со велешка регистрација управуван од С.Д (30) од Велес и товарното моторно возило Тамче со прилепска регистерска табличка, управувано од Џ.Т (52) од Прилеп. Возачот не го сопрел тамчето туку избегал од местото на несреќата.
Од СВР Велес денеска информираа дека возачот и тамчето подоцна полицијата ги пронашла во селото Богомила.
Во сообраќајката со скршеница на надколеница се здобил велешанецот Б.А (53) кој се возел на моторциклот како совозач. Прва помош му била укажана во болницата во Јасеново откако нему и на возачот на моторциклот им помогнале случајни минувачи. Тие рекоа дека додека бил транспортиран повредениот многу крварел а траги од крвта имало од местото на сообраќајката до болницата во Јасеново.
– Пациентот бил примен со тешка телесна повреда поточно отворена скршеница на надколеница. Откако му била укажана прва помош овде во болницата Јасеново со возило на итната медицинска помош е транспортиран на хирушкото одделение во велешката болница – рече директорот на болницата во јасеново, д-р Гоце Бузалков./Б.Н
