Планинскиот масив Јакупица да се прогласи за четврти национален парк!

Објавено на 23 јуни, 2013 во 12:33

Карпи стари и до милијарда години, пештери и јами длабоки и до еден километар ,што пак е  рекорд на Балканот, изворите на реката Бабуна, судир на алпска со  медитеранска клима и изменета богата природа. Сето ова се наоѓа на планинскиот масив Јакупица кој е најголем по површина во земјата и четврти по височина со врвот Солунска глава.

Овие реткости веке ги истражувал професорот од природно математичкиот факултет Ивица Милевски и токму заради тоа, вели, Јакупица со нејзините убавини треба да се заштити.

„Се што има тука е богатство и поради тоа мора да се заштити и зачува, да се искористи добро и со тоа мислам дека ќе се успее да се заинтересира јавноста и туристите, не само домашни туку и странски“, рече Милевски

Иницијативата на невладината Вила Зора и партијата ДОМ , Јакупица да се  прогласи за национален парк веке влезе во министерството за екологија. Засега регионот е прогласен за заштитено подрачје што е прва фаза во целата постапка. Иницијаторите својата идеја ја поткрепуваат со објаснувањето дека бенефитот ке биде заеднички, и за државата ,но и за локалното население.

„Мислам дека има потенцијал за да се изработат добри проекти кои ќе привлечат туристи, да се искористат природните потенцијали, но не да се уништат туку напротив преку ова да се заштитат. Ние ќе се обидеме да ја раскажеме и приказната за Богомилството и Богомилите и со тоа да имаме уште еден адут за промоција на региониот“, рече Кире Кочов, ЕД Вила Зора.

„Треба да научиме како да управуваме со еко зони, наместо да се бориме да се отвораат загадувачки капацитети енергијата треба да ја насочиме кон рурален развој со користење на природата да заработуваме и да ја зачуваме природата“, рече Лилјана Поповска, ДОМ.

Веќе е во изработка студија за тоа колку регионот изобилува со културно- историски и природни убавини . Сепак неизвесно е дали министерството ке го прифати предлогот што може да биде спас за планината каде царува дивата сеча која се повеке ги соголува шумите во овој дел од државата. /Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.