Гола сеча на шумата на Јакупица!
Исечени се делови од букова шума на самиот влез на селото Папрадиште. Голата сеча се наоѓа на парцели над патот каде се сечело пред неполн месец а лани се сечеле дрвјата под патот. Жители на селото Папрадиште се незадоволни од тоа што шумата е исечена. Тие рекоа дека гледале како сопственик на парцела ги сече неколку децении старите стебла ,освен сопствените, уште и на парцели во сопственост на државата.
– Има еден месец откако се случи сечата и тоа не е добро бидејќи наместо со проретчена во шумскиот појас е направена гола сеча. Сега гледајте како е огрдена планината. Дупките што се направени го сменија изгледот на шумата. Незнам кој дал дозола но сметам дека не е добро тоа што се прави. Годинава исечена е шума над патот без да се води сметка дека водата од поројните дождови ќе ја свлече земјата и може да го затрупа – рече жител на Папрадиште.
Мислењето на граѓаните го дели и пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска. Таа, при неодамнешната посета на селото, беше фрапирана од глетката.
-Ќе побарам информација од Македонски шуми за тоа кој инспектори се задолжени за контрола на овој дел под Папрадиште затоа што ова вака како што изгледа е страшно и не смеело да се дозволи. Ќе интервенирам во министерството за животна средина и планирам да поставам пратеничко прашање за официјално да добијам одговор затоа што ние донесовме многу строги закони за заштита на шумите и тие треба да бидат спроведени од институциите – рече Поповска.
По два дена откако истражувавме кој ја дозволил сечата пред Папрадиште денеска во ШС Бабуна на брифинг новинарите беа информирани дека станувало збор за легална сеча со целосно сечење на дабови дрвја поради обновување на шумата.
Сечата што ја реализирале сопственикот на парцелата во шумата како и на соседните кои биле во сопственост на Македонски шуми биле легални, со дозволи и во согласност со стратегијата за развој на шуми.
Од Бабуна уверуваа дека ерозија на земјата неможе да се случи и дека патот до селото бил безбеден./Б.Н
