Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Пред доаѓањето на Турците во повеќе населени места во велешко и во Македонија живеело чисто христијанско население. Турците најнапред сенаселувале по градовите, како Велес, а потоа по селата. Денес малкумина знаат дека селата Горно и Долно Јаболчиште, Бузалаково, кое се викало Еленоводица, Горно Врановци и други села биле населени со чисто македонско население. Во опшорниот пописен дефтер од 1568/ 69 година, во коj Турците многу прецизно воделе евиденција за бројот на населението пред се за собирање на данокот, јасно пишува дека овие села биле населени со Рисјани.

Според книгата „Турски документи“, што ја добивме од испоставата на Архивот на Република Македонија во Велес , турската администрација многу прецизно ги забележала имињата на жителите во Горно и Долно Јаболчиште. Во неа пишува дека по стариот попис селото Горно Јаболчиште е забележано како Дервен па поради потребата биле определени 30 лица- дервенџии кои давале даноци по дервенски обичај. Преостанатите од триесетте лица регистрирани се како раја. Така е запишано во стариот попис.

Дервенџии биле: Мире Пејко, Стојко Богдан, Писе Нисе Богдан, Стале Ѓуро, Тодор Пејко,Богдан Пејко,Пројо Јован, Стојко Јован, Тодор Бојо, Смогре Бојо, Пејо Стојко, Димо Рале, Петре Рале, Јофже Богда, Стале Богдан, Краго Пројко, Грубан Петре, Стојко Васил, Петко Васил, Јован Ѓуро, Храно Богдан, Дуко Стојко, Велче Димитри, Пројко Грујко, Богдан Пејко, Пројо Јован, Продан Степан, Божиќ Рале, Тодор Рале и Стојко Дуко.

Сите тие на турската власт морале, вкупно годишно да и платат 1.690 акчиња.

Така сите триесет лица за испенџе давале 300 акчиња, десет товари пченица, десет товари јачмен, такса за вино , данок за летно пасиште, ушур од трева, данок за свињи за Божиќ, јалак за тимариотот, нијабет за свадбарина со полјарина и за тапија за земја.

Според турските дефтери од извршениот попис другото население било раја. Така во Горно Јаболчиште живееле: Михаил Мето, Димитри Петко, Стојко Атанас, Јован Велин, Рајо Рале, Новак Коста, Стојан Илија, Мурчо Никола , неженет, Арсо Степан, неженет, Којо Велчо, неженет, Анто Манас , неженет и Којо Петко, неженет. 

Приходот од рајата од Јаболчишта што го давале за пченица, јачмен, за свињи, градинарски култури, ушур од пчелни улишта, данок за лен и коноп, нијабет за свадбарина, пољаеина и за тапии за ниви, за пет неженети семејства и друго вкупно изнесувале 810 акчиња или заедно со приходите од дервенџиите жителите од Јаболчиште на турските власти им плаќале 2.500 акчиња.

Во турските дефтери не пишува во кој период христијанското население од Јаболчиште се иселило и зошто и кога на нивно место се населиле Муслимани.

Стоилко Андреевски.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.