Целосно изгоре викендица во село Владиловци, повредени две лица

Објавено на 28 јуни, 2022 во 14:46
Фото: илустрација

Пожарот избувнал вчера, околу 13:45 часот, во викенд куќа во сопственост на Б.М од Кавадарци којашто се наоѓала во село Владиловци, Општина Чашка. Пламените јазици во целост ја проголтале викендицата и покрај обидите на сопственикот и уште едно лице со иницијали И.П да го угаснат огнот. Тие се здобиле со повреди, за што им била укажана медицинска помош во ЈЗУ Болница за белодробни заболувања „Јасеново“ којашто се наоѓа во близина на селото Владиловци.

Според директорката на болница Јасмина Матева, медицински тим укажал прва помош кај Б.М и И.П и кај вториот пациент констатирал изгореници кои не биле витално загрозувачки по неговиот живот. Било побарано од Итна медицинска помош во Велес да го прене пациентот на Хирушко одделение во велешка болница.

Пожарот го изгаснале пожарникари на Територијална против пожарна единица на Велес додека увид на лице место извршила екипа на СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.