Чествување на Свети Трифун во Младински парк – Велес, почетокот е закажан за напладне

Објавено: 14 февруари, 2026, во 09:02 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Со забавна програма и гастрономска понуда, Општина Велес одлучи да го одбележи Свети Трифун, празникот на лозарите. Граѓаните ќе можат да вкусат вината на неколку винарии како и специјалитетите на барови,

За забавата на манифестацијата која ќе се одржи во Младински парк, од пладне и ќе трае до доцните вечерни часови, ќе се погрижат Фолклорен ансамбл “Вила Зора”, Детски хор “Св.Кирил и Методиј”, Ансамбл “Керамичар”, Велешка чалгија, КУД “Коле Неделковски, Стакато Бенд, Екстрим Бенд, Игор Димовски-Пауза за ракија и Љубојна.

Општината ги покани велешани да дојдат и да бидат дел од одбележувањето на светецот кој се смета за заштитник на лозарите и лозјата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.