Четири први места за учениците од велешката гимназија на државниот натпревар по Музичка уметност

Објавено: 18 мај, 2026, во 11:44 часот

Со освоени четири први места и високи бодови, учениците од велешката Гимназија „Кочо Рацин“ блеснаа на државниот натпревар по Музичка уметност, кој на 14 мај годинава, се одржа во ОУК Дом на Млади во Штип, во организација на Здружението на музички педагози на Македонија.

Во категоријата вокални солисти, особено се истакна Ива Ракиџиева од IV-4 клас, која освои прво место со освоени 99,5 бодови. Со подеднакво успешни настапи, први места освоија и Анастасија Крлева од IV-3 клас и Кристина Станишева од III-4 клас, кои добија по 97 бодови.

Забележителен резултат беше постигнат и во категоријата училиштен бенд, каде Андреј Цецев, Матеј Богатинов и Кристина Станишева, ученици од трета година, освоија прво место со 98 бодови, претставувајќи се со успешна и впечатлива музичка изведба.

Зад успесите на учениците стои менторската работа и подготовка на професорот по Музичка уметност, Атанас Зафиров, под чие водство младите музичари достојно го претставија училиштето и покажаа високо ниво на музичка култура и изведба.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.