Четириесет и четири граѓани казнети за не носење на заштитна маска
Објавено на 21 мај, 2021 во 10:25
Сектор за внатрешни работи Велес, информира дека полициските службеници казниле 44 граѓани кои не носеле заштитна маска. Најголем дел се од Велес 31, потоа во Кавадарци четворица граѓани и во Неготино девет.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат воведените мерки од страна на Министерство за здравство, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Стефани Манева