ЦЈЗ: Лош е квалитетот, ризична е по здравје на капачите и по опстанокот на живиот свет водата во велешко „Младост“ а постои сомнеж и за црпење на вода за наводнување!

Објавено на 1 август, 2025 во 11:44

Скоро 50 пати се повисоки концентрациите на амоњак, скоро двојно поголема е заматеноста на водата и нешто повисока од максимално дозволените концентрации заситеноста со кислород на површинската вода во езеро „Младост“ на местото „Отовичка плажа“ покажаа последните резултати од земените примероци на Центар за јавно здравје од 17 јули, годинава.

По однос на микробиолошките индикатори водата е оценета за ДОБРА, а по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 5-та класа по присуство на амонијак, 4-та класа по сатурација,3-та класа по присутна матност, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. ВАЖНО: од извршениот санитарно-хигиенски увид на Езеро Младост се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести,сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата. Водата НЕ СМЕЕ да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи ЦИЈАНОТОКСИНИ,“ пишува во извештајот на Центар за јавно здравје Велес.

Идентични се резултатите од последните анализи и на мерно место „Брод Банини“ каде според испитаниот примерок на површинска вода од страна на Лабораторијата на оваа јавна здравствена установа, исто така, од 17 јули, годинава.

По однос на микробиолошките индикатори е оценета ДОБРА, а по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 5-та класа по присуство на амонијак,4-та класа по сатурација,3-та класа по присутна матност, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. ВАЖНО: од извршениот санитарно-хигиенски увид на Езеро Младост се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата. Водата НЕ СМЕЕ да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи ЦИЈАНОТОКСИНИ,“ додава Центар за јавно здравје Велес.

Оваа јавна здравствена установа втор пат препорачува испитување на присуството во водата на езеро Младост на цијанобактерии за да се докаже дали има или не цијанотоксини. Прв, ваква неопходна анализа, препорача Хидробиолошкиот завод од Охрид.

Тоа што ќе се потврди со евентуалното присуство на цијанобактериите поточно цијанотоксините е дека во водата на велешкото езерото се зголемени количините на азот и фосфор поради одвод на отпадни води. Нивното присуство е опасно затоаш што предизвикува оштетување на црн дроб, на нервен систем и предизвикување на кожни иритации. Води во кои има цијанотоксини се небезбедна за пиење, капење, наводнување и риболов, велат експерти.

Според информациите на Дума.мк засега надлежните велешки институции не се децидни дали ќе постапат по препораките на Хидробиолошкиот институт од Охрид и Центар за јавно здравје Велес.

Исто така, граѓани постојано предупредуваат дека од скоро мртвото велешко езеро се црши вода за наводнување на околните лозја бидејќи од машинските постројки во објектот во кои се наоѓа опремата поврзана со системот за наводнување „капка по капка“ постојано се слушаат звуци кои укажуваат дека тие работат. При последната контрола од 16 јули, годинава, и лица вработени во ЈПВ Лисиче констатирале состојба на функционирање на опремата но и писмен одговор од страна на скопската фирма , која е сопственик на објектот и опремата, дека не се црпела вода од акумулацијата и не се вршело наводнување на лозјата.  Тоа е сосема спротивно од тврдењата на неколкумина Велешани, чести посетители на езерото.

Инаку во состојбата во која од минатата година се наоѓа езеро „Младост“, во чија вода кислород има само во површинскиот дел, не би смеело да се црпи туку потребен е дотур на свежа количина на вода.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.