Црвен крст Велес и најмалите еко-чувари од „Панко Брашнаров“ ја шират љубовта кон природата
Објавено: 12 ноември, 2025, во 09:29 часот
Во училниците на ООУ „Панко Брашнаров“ се разбуди зелената свест кај најмалите ученици. Под мотото дека големите промени започнуваат со мали чекори, волонтерите од Црвен крст Велес, во рамките на пилот-програмата „Зелен волонтеризам“, одржаа едукативна активност посветена на заштитата на животната средина.

Едукаторите Матеја Матева и Кристина Костовска на креативен и интерактивен начин ги запознаа учениците од второ до петто одделение со значењето на селектирањето и рециклирањето на отпадот. Преку игри, разговор и практични примери, децата дознаа како секојдневните навики можат да ја направат нивната околина почиста и поздравa.
-Како симболичен крај на активноста, секој ученик доби мало цвеќе кое заедно ќе го одгледуваат во училиштето – потсетник дека љубовта кон природата расте со грижа, посветеност и заеднички труд, објасни Александра Илиевска од велешки Црвен крст.

Иницијативата „Зелен волонтеризам“ има за цел преку вакви активности да ја поттикне еколошката свест кај младите и да ги охрабри да станат активни чувари на животната средина уште од најрана возраст.
Стефани Манева


