Цветковски со втор градоначалнички мандат во Лозово, нови градоначалници добија Росоман, Демир Капија и Неготино

Кандидатот за градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски, на Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ, кој што е актуелен градоначалник, во вториот круг на „Локални избори 2025“ доби 735 гласови или 68 повеќе од кандидатот Ацо Велковски на Коалиција предводена од СДСМ за кого гласаа 667 избирачи.
Според првичните резултати објавени на сајтот на Државна изборна комисија во Општина Росоман кандидатот на Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ Ѓорги Крстевски е со предност од 74 гласови, добиени 1.305, пред кандидатот Стојан Николов кој што е и актуелен градоначалник, на Коалиција предводена од СДСМ за кого гласаа 1.231 граѓани со право на глас.
Во останатите две општини на Вардарски регион, во кој се реализираше втор круг на избори, Демир Капија и Неготино исто така победија кандидати на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ кои се жени.
Наталија Димитриева во Општина Демир Капија доби 1.222 гласови или 70 повеќе од актуелниот градоначалник Лазар Петров од Коалиција предводена од СДСМ за кого гласаа 1.152 избирачи.
Втората жена Градоначалник е на Неготино, Марија Нацева, која доби 4.717 гласови или 740 повеќе од кандидатот Петар Мантев на Коалиција предводена од СДСМ за кого гласаа 3.971 граѓани.
Убавка Јаневска


