Даниел Јаневски носител е на Советничка листа на ВМРО ДПМНЕ во Општина Велес

Објавено: 12 септември, 2025, во 11:18 часот

Актуелниот Претседател на Совет на Општина Велес, Даниел Јаневски, ќе биде носител на Листата со кандидати за членови на Советот на ВМРО ДПМНЕ, на осмите Локални избори што ќе се одржат наредниот месец.

Како што напиша Јаневски, во статус на својот Фејсбук профил, одлуката била донесена на последната седница на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.

„Укажана ми е голема чест и доверба да ја предводам советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за престојните локални избори во Општина Велес. Оваа укажана доверба за мене значи уште поголем поттик и обврска со уште поголема енергија и посветеност да продолжам да работам во решавањето на секојдневните предизвици. Советничка листа составена од докажани и одговорни личности, личности кои го сакаат градот и кои чесно и достоинствено ќе ги претставуваат интересите на сите граѓани во Општина Велес,“ напиша Јаневски.

Тој исто така се заблагодари и на партискиот лидер, Проф д-р Христијан Мицкоски и на општинскиот комитет за укажаните поддршка и доверба.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.