Деца и млади од опожарените подрачја во велешко имаат на располагање СОС линија за психолошка прва помош

СОС линија за деца и млади, родители, старатели и други засегнати лица од подрачјата зафатени со пожарите во Македонија е отворена од страна на Тимот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во светот во соработка со ЗСП „Психеско“.
На телефонските броеви што се оставени од страна на „Меѓаши“, мобилни телефони 075-745-640, 076-781-350, 075-225—082, 070-393-668, 070-390-632 и на фиксниот број 02 2465 316, во време траење од 24 часа се нуди неинванзивна практична поддршка, утврдување на потреби и грижи, слушање, но без инсистирање детето или лицето да зборува, охрабрување и смирување и заштита од понатамошни проблеми.
На овие телефонски броеви помош можат да побараат и засегнатите деца и граѓани од велешко кадешто имаше пожари.
Стефани Манева
