Делегација на извидниците од Велес положи цвеќе на Ротимља, на местото на трагичното загинување на претседателот Трајковски (фото)

Објавено на 25 февруари, 2025 во 08:23

Делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, пред четири дена,на 21 февруари, го посети местото Ротимља, во близина на Мостар, каде што загина Претседателот Борис Трајковски и македонската државна делегација.

На местото каде што се случи трагичната авионска несреќа, а сега е Меморијален центар, делегацијата на велешките извидници положи свежо цевеќе и оддаде почит на Претседателот Борис Трајковски кој беше еден од големите поддржувачи на извидничката организација во Република Македонија.

Делегацијата на одредот од Велес ја сочинуваа Тони Јошевски, Владимир Ивановски, Жаклина и Ангелче Гушеви.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.