Демиркапиец во еден ден предизвикал два пожари, завршил во Полициска станица

Седумдесет и едно годишен Демиркапиец лишен бил од слобода, вчера доцна попладне, во 18:00 часот под сомнение за предизвикување на два пожари во ист ден, поточно вчера, вторник, 22 јули.
„ Имено, Н.М се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади. Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и земјоделска површина. Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Н.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


