Денеска ќе се одржи 67 седница на Совет на Општина Велес

Објавено: 26 август, 2025, во 09:24 часот

Претседателот на Советот, Даниел Јаневски, на членовите на Совет на Општина Велес им предлага дневен ред составен од 42 точки. Дваесет и тројцата Советници се очекува да го разгледаат Кварталниот извештај на Општина Велес, да донесат одлуки за давање на времено користење на простории сопственост на општината на граѓански организации и за затворање на Депонија за земја, шут и друг отпаден градежен материјал, за потреби од доесување на урбанистичка планска документација со цел вклопување на бесправни објекти на три катастарски области, да разгледаат Годишни извештаи за работа и прифатат Програми за работа на училишта како и согласности за формирање на паралелки со помал број на ученици од законски утврден минимум но и планови за вработување освен во училиштата и на ЈКП „Дервен“.

Исто така, Советниците ќе го разгледуваат и работењето на Стационар „Шепа“ и Иницијативата на велешката бизнис заедница за начинот на пресметка на комунален отпад поточно за повторното враќање на пресметувањето по м3 наместо м2 отпад од капацитетите на фирмите и компаниите на територијата на општината.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.