Дете падна од платформа на сендвичара во Велес, се бори за живот на скопска Клиника за Неврохирургија

Објавено: 11 јуни, 2026, во 13:49 часот

Несреќата се случила вчера вечер кога малолетното дете и неговата мајка седеле на платформата на сендвичарата заоа што имале намера да вечераат. Во еде момент детето паднало по скалите.

„На 10.06.2026 во Сектор за внатрешни работи Велес е пријавено дека околу 22:00 часот, додека 41-годишната А.Н. од Велес со својот малолетен син била во сендвичарница во Велес, на платформата од објектот каде што седеле, во еден момент детето паднало по скалите. Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес,“ соопштија од СВР Велес.

Според д-р Ана Марија Џунџева, портпаролка на Општа болница Велес детето е донесено на Хирушко одделение во животно загрозувачка состојба.

– Дежурните специјалисти извршиле прием, прегледи, направени се снимања на Компјутерски томограф и бидејќи се дијагностицирани сериозни повреди на главата на детето одлучено е веднаш да биде транспортирано на Клиника за Неврохирургија во Скопје, додаде д-р Џунџева.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.