Дојава за бомба и во основно училште во Кавадарци
Објавено на 12 декември, 2022 во 11:19

Дојавата за бомба се однесува за ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Веднаш биле евакуирани сите учениците од училиштето.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, рече градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
-Се замолуваат родителите дека нема потреба од паника, а учениците ќе бидат вратени на настава, откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека истите се безбедни, пишува во објавата на Јанчев.
Утринава дојави за поставени бомби пристигнаа и во Министерство за надворешни работи и Градски трговски центар во Скопје.
Убавка Јаневска
