Донирана смарт табла на ООУ,,Блаже Конески” од Ротари клуб „Бели Мугри – Велес“

Објавено на 15 декември, 2022 во 17:44
Фото: Предадена смарт таблата во ООУ„Блаже Конески“

„Во октомври, годинава, Ротари клуб ,,Бели Мугри-Велес” прослави 10 години од своето постоење. Во знакот на мотото Service above All (Служба над се’), одбележувањето на овој јубилеј имаше хуманитарен карактер.

Имено, членовите на клубот организираа изведба на театарска претстава во велешкиот театар која ја проследија голем број Ротаријанци и пријатели на Ротаријантството. Средствата собрани од продажба на билети од овој настан беа наменети за подобрување на условите во образованието.

Фото: Ученички час со смарт табла

Една од главнинте цели на глобалната Ротари заедница е зајакнувањето на нејзините можностите за поддршка на образованието и писменоста. Според нашето искуство, следење на новите образовни трендови е клучен фактор за понатамошен успех и видливи резултати од квалитетниот образовен процес.

Фото: Примопредавање на смарт таблата

Токму затоа, собраната сума од 65.000 ден, членовите на клубот одлучија да ја донираат во набавка на смарт табла за потребите на петтоодделенците во основното општинско училиште ,,Блаже Конески”. Веруваме дека оваа донација ќе го зголеми квалитетот на настава и ќе ги доближи ученциците чекор поблизу до дигиталната трансформација, соопштија од РК „Бели Мугри – Велес“.

.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.