Др Николовска Неделкова; „Се намалува возрасната граница кај сите видови на карциноми“(фото и видео)
Од карцином на белите дробови умираат најголем број на луѓе во светот. Не е поразлична ни состојбата во државата. Граѓаните треба да го практикуваат скринингот како можност за рана дијагностика на оваа болест. Многу по оптимистичка е состојбата со болеста карцином на дебело црево. За неа токму преку скринингот кај голем број на пациенти во Македонија навреме се открива ова заболување и лекувањето дава резултати.
Др Весна Николовска Неделкова во разговорот што Дума.мк го сними на граѓаните им открива што претставува методата скрининг и зошто е потребно да биде приоритетна за подигнувањето на квалитетот на грижата за личното здравје на секој поединец. Како и колку пати во годината треба да се посети лекар и да се направи преглед кој што е особено значаен за рано откривање на тешките канцерогени заболувања.
Др Весна Николовска Неделкова е специјалист кардиолог. Таа заедно со останатите две лекарки по Општа медицина др Милка Панова и др Елена Јаневска како и лекарот специјалист гинеколог др Аристотел Тренчев беа соговорници на велешани и на вработените во компанијата „Ронтис“ на трибината „Рано откривање и превенција од канцер“ што организирана од оваа општествено одговорната компанија имаше за цел да придонесе за подигнување на јавната свест за поквалитетно јавно здравје.
Убавка Јаневска